Sitemap | Download
ПРОФИЛ | УСЛУГИ | КВАЛИТЕТ | CSR | РЕФЕРЕНЦИ | КАРИЕРА | БЛОГ | КОНТАКТИ |
 
english | hrvatski | deutsch | italiano | русский | shqip | bosanski | македонски | slovenski | српски
ПРОФИЛ
Почетна страница
 
 
ciklopedia [My on-line dictionary]
 
 
 
 
Почетна страница » ПРОФИЛ
ПРОФИЛ
 

ЦИКЛОПЕА д.о.о. е млада, динамична и инспиративна организација којашто се занимава со раководење и реализација на проекти за превод и локализација, толкување, коректура и лектура, гарантира квалитетен превод, обезбедува техничка поддршка во организацијата на конференции, консултации во врска со процесот на преведување и обука за преведувачи.

Како Ваш партнер за надворешни соработка, ние Ви нудиме целосни преведувачки услуги. Подготвени сме во најкраток рок и со врвна професионалност да одговориме на Вашите барања од нашата област. Исто така, Ви гарантираме врвен квалитет на нашите услуги овозможени со нашиот деловен систем, а тоа се гаранција за навремено извршување на нашите услуги и флексибилност во исполнувањето на личните потреби на нашите клиенти. Дури и по завршувањето на проектот продолжуваме да Ви стоиме на располагање и да Ви обезбедуваме поддршка .

ЦИКЛОПЕА д.о.о. е предводена од професионално раководство и преку најстрога селекција го ангажираме само најквалитетниот преведувачки кадар. Ние се стремиме да бидеме уникатни и поинакви од конкуренцијата во нашата област. Имаме јасно дефинирана визија, деловна стратегија и план за работа и никогаш не се прилагодуваме на конкуренцијата, туку напротив, се стремиме да ги диктираме новите трендови. Достапни сме во секое време за нашите клиенти со богато искуство со проекти од многубројни области и експерти од најразлични области.Наша цел е да обезбедиме високо квалитетна тимска работа со препознавање на потребите на нашите клиенти и целосна посветеност за создавањето на крајниот производ, потпирајќи се на стручноста и вештините на секој кој е вклучен во изработување на проектот. Со професионалниот пристап, на индустриските компании, професионалните инситутции, владините и невладините организации, универзитетите, осигурителните компании, правните компании, рекламните агенции и други организации им овозможуваме да сметаат на нас и да ни доверат и текстови што се сложени за превод и лектура од и на повеќето светски јазици. Во нашиот спектар на работа спаѓа превод на правни, економски, медицински, научни, фармацевтски, технички текстови како и брошури, каталози, прирачници за корисници, интернет страници и рекламни материјали.

Располагаме со професионален, експедитивен и доверлив тим, кој работи во согласност со највисоките индустриски стандарди.

ЦИКЛОПЕА д.о.о. за кратко време прерасна во една од водечките компании за превод и локализација во Југоисточна Европа и Ве покануваме да дознаете зошто мнозината клиенти кога зборуваат за нас не опишуваат со експедитивност и профеионалност.





 
Isprintajte trenutnu stranicuPrint   | Posaljite prijatelju ovaj link na mailLink | | |  
 
Почетна страница » ПРОФИЛ
     
| prevodimo.com | sudski-tumac.com | lokalizacija.com | jezicni-centar.com |

© 2003-2012

Copyright © ciklopea.com 2003 - 2012 - All rights reserved. | design
Na vrh