Стратешко начело на ЦИКЛОПЕА при спроведување на услугите за превод, локализација и толкување е квалитетот. Ние имаме проактивен и далекусежен пристап на управување со квалитетот и постојано се стремиме да се подобриме и да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти. Систематскиот и документиран пристап за секој доставен документ, како и ангажираноста на сите акционери за време на самиот процес ја покажува нашата посветеност кон квалитетот. Квалитетот е важен во сите сегменти од организацијата - од избор на вработени и партнери, до управување со технологија и средината, како и коректурата и преводот.
ЦИКЛОПЕА д.о.о. е сертифицирана според ISO 9001:2008 нормата (систем за управување со квалитет) и EN 15038:2006 (систем за управување со квалитет за преведувачки компании).
Управувањето со квалитетот кај ЦИКЛОПЕА се засновува врз реакцијата на нашите клиенти и функционира на принципот - повратна информација. Секоја забелешка или совет се смета како основа за уште еден чекор напред кон подобрување на системот за управување со квалитетот на секое ниво на организација. Доколку имате некаков коментар, предлог, забелешка или пофалба можете да не контактирате преку формуларот за контакт или јавете се на: + 385 1 37 51 736.