| |
|
Текот на проектот е поделен на следниве чекори: - Доставување на оригинални материјали или детална спецификација на барањето доколку се работи за некоја друга специфична услуга од понудата на ЦИКЛОПЕА Преведувачкиот центар,
- Основна анализа на материјалот кој што треба да се преведе или на специфизираното барање, каде што посебен акцент се става на специфичното стручно подрачје и целните јазици,
- Пресметка и припрема на понудата. Доколку е потребно се врши и почетен разговор со клиентот, т.е. со тимот кој што е одговорен за извршување на проектот,
- Реализирање на проектот во согласност со стандардите на ЦИКЛОПЕА Преведувачкиот центар, при што сите услуги ги изведуваат висококвалификувани и компетентни лица кои се надгледувани од страна на водителот на проектот,
- Целиот стручен кадар кој е ангажиран на проектот поседува знаења за целниот пазар и вистинската природа на посакуваната порака. Доколку постојат било какви дилеми поврзани со проектот, се решаваат со меѓусебна директна и отворена комуникација,
- По завршувањето на работата, Вие добивате готов производ независно од видот на услугата, тематиката, форматот на запис или начинот на доставување кој сте го избрале,
- Заедно со готовиот производ доставуваме и речник со специфични поими (глосар) поврзани со Вашиот проект. Таквиот речник го ставаме на располагање за понатамошните проекти, што во големе мерка придонесува за заштеда на време и средства за следните проекти.
|
| |
|