Компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о. е млада, динамична и современа организација која што се бави со водење и реализација на преведувачки проекти, понуда на услуги од судски преведувачи, услуги на лектура и коректура, услуги на прелом и графичка обработка на материјали, симултани и консекутивни преводи, како и услуги за техничка поддршка во организацијата на конференции.
Компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о., како надворешен ("outsourcing") партнер, нуди целосни преведувачки услуги. Преку развиената инфраструктура и врвно организираната мрежа на преведувачи во состојба сме во најкраток рок и со врвен квалитет, сигурност и разумна цена да одговориме на секое Ваше барање. Без оглед на Вашата моментална локација, преку телефон, комуникација преку електронска пошта или факс, постојано сме достапни за клиентите.
Од самиот почеток на работењето, компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о има јасно дефинирана визија, деловна стратегија и оперативен план. Јасно дефинираните планови и цели, како и истрајноста на нашиот тим во нивното спроведување резултираа со исклучителен деловен успех постигнат во претходниот период.
Компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о. е предводена од професионален менаџмент и при вработувањето фокусот се поставува само на најквалитетниот преведувачки кадар. Не настојуваме да се прилагодиме кон конкуренцијата на пазарот и сивилото од многубројните преведувачки агенции, туку настојуваме да бидеме различни и препознаени како компанија која ги диктира трендовите.
Нашиот тим работи брзо и професионално, сигурно и во согласност со највисоките стандарди. Подготвени сме да Ви понудиме најкратко време за одговор од својата област и високо ниво на професионалност. Покрај тоа, гарантираме висок квалитет на услугите, обезбеден со поддршка од нашиот целокупен работен систем, гарантирано време на испорака и прилагодливост кон Вашите специфични потреби. По завршувањето на проектите им нудиме поддршка на сите наши клиенти.
Основна цел на компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о е максимизирање на односот вложено/добиено кога е клиенот во прашање. Со своето широко искуство во проекти од различен тип како и искуство во различни стручни и специјализирани подрачја, секогаш Ви стоиме на располагање.
Сакаме да обезбедиме квалитет на тимската работа со препознавање на потребите на клиентот, целосен ангажман за создавање на финален производ и целосен ангажман на знаење и вештини на секој кој што е вклучен во проектот. Со таков пристап им овозможуваме на индустриските компании, деловните личности, медиумите, издавачите, истражувачките установи, владините и невладините организации, универзитетите, правните компании, рекламните агенции и на другите субјекти висококвалитетни преводи и лектурирање на текстови, од и на повеќе светски јазици. Наша област на работа претставуваат преводите и преведување на правни, економски, научни, медицински, технички текстови, каталози, прирачници, рекламни брошури, веб страници, е-маил пораки и книги.
Проверете зошто компанијата ЦИКЛОПЕА д.о.о во исклучително краток временски период стана една од водечките преведувачки агенции во регионот. Големо мнозинство од нашите клиенти за опис користи само два збора: брзина и професионалност.